Сензација во Брно: Зарко ја освои пол-позицијата!

Жоан Зарко направи вистинско изненадување во квалификациите за Големата награда на Чешка, третата трка во Мото ГП шампионатот, откако ја освои пол-позицијата.

Французинот во Брно дојде до својата прва пол-позиција по повеќе од две години, поточно од трката за Големата награда на Франција во 2018 година, а најбрзиот круг во квалификациите го имаше со време од 1.55.687.

Квартаро имаше шанса да го надмине својот сонародник во финишот, но не успеа и излета и од патеката, па го освои само второто место.

Трката за Големата награда на Чешка се вози во недела од 14 часот.