Саинц ќе го замени Перез во Ред Бул

Шпанскиот возач Карлос Саинц остана без место во Ферари, откако италијанската екипа реши да потпише договор со Луис Хамилтон од 2025 година.

Саинц сè уште размислува каде би ја продолжил кариерата, а во медиумите се појавија шпекулации дека негов следен тим ќе биде Ред Бул.

Во целата приказна е вклучен и советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, кој не ја отфрли таа приказна.

Новата сезона во Формула 1 ќе почне в сабота со трката за Големата награда на Бахреин.