Раиконен: Зад воланот ќе заборавиме на сè, па дури и на коронавирусот

Поранешниот пилот на Ферари и моментно член на Алфа Ромео, Кими Раиконен го сподели своето мислење за почетокот на сезоната 2020 во Формула 1.

Новата сезона стартува овој викенд, а на програмата е трката за Големата награда на Австрија.

Малку е чудно да се вратиме на трки под вакви услови, но јас сум сигурен дека штом ќе се бидеме зад воланот, веднаш ќе заборавиме на сите ограничувања и ќе размислиме како подобро да управуваме со нашата работа. Паузата ни даде можност да поминеме време со семејството, но сега е време да се фокусираме на работата, изјави Раиконен.