Пол-позицијата за Луис Хамилтон, пилотите на Ферари повторно разочараа

Актулниот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австрија, втора сезонава во најбрзиот циркус на денешницата.

Од втората позиција ќе стартува Макс Ферстапен од Ред Бул, додека третото место е резервирано за Карлос Саинц. До него ќе биде Валтери Ботас, а од третиот ред ќе стартуваат Естебан Окон и Ландо Норис.

Повторно разочараа пилотите на Ферари, кои на утрешната трка ќе стартуваат од десеттото место – Себастијан Фетел, како и од единаесеттото – Шарл Леклер.

Инаку, поради силното невреме во Австрија, со дожд и ветер квалификациите започнаа подоцна, а беше дури и под знак прашалник дали истите ќе се одржат. Сепак, организаторите решија дека условите дозволуваат пилотите и болидите да се најдат на патеката во обид да се стигне до најбрзиот круг што носи привилегирана позиција на утрешната трка.