Почнаа подготовките за новата ера во Формула 1 – пневматици од 18 инчи (ВИДЕО)

Формула 1 од 2021 година ќе започне нова ера во најбрзиот и најпопуларен автомобилистички шампионат, со воведување на 18-инчни пневматици, а подготовките за новата ера веќе почнаа.

Рено е првиот тим што имаше можност да ги тестира новите пневматици на тестирање во Франција, а гумите ги испробал Сергеј Сироткин. Снабдувачот со пневматици, Пирели сега со нетрпение ги чека првите повратни информации од тестовите за да продолжат со развојот на истите пред да бидат воведени во „октанскиот циркус“.

Инаку на патеката „Пол Ришар“, гими тестирал и Естебан Очон за Мерцедес, но ги тестирал пневматиците за идната сезона. Во следниот период сите тимови во Ф1 ќе добијат шанса да ги тестираат 18-инчните пневматици пред да влезат тие во употреба за година ипол.