Пјастри на пол-позиција на трката во Бахреин (ФОТО)

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри беше одличен во квалификациите и ќе тргне од пол-позиција на трката за Големата награда на Бахреин.

Пјастри во последните секунди од квалификациите го обезбеди првото место од кое ќе стартува на трката, додека зад себе ги остави Џорџ Расел од Мерцедес и Шарл Леклер од Ферари. Во продолжение следат Антонели, Гасли, Норис, Ферстапен, Саинц, Хамилтон и Цунода.

Трката во Бахреин е закажана за утре од 17 часот.

ФОТО: EPA PHOTO