Официјално: Ф1 ќе се вози и во Мајами!

Првата трка во Формула 1 за Големата награда на Мајами ќе се одржи од 6 до 8 мај 2022 година, а тоа денеска го потврдија организаторите.

Ова е одлична вест за љубителите на „најбрзиот циркус“ во светот затоа што во текот на следната година ќе се возат рекорден број трки, односно 23.

„Изградбата на патеката напредува по планот и Ф1 го потврди датумот на одржување“, кажа директорот на трката.