Одлични вести од Виетнам за новата трката во Формула 1 (ВИДЕО)

Во календарот на Формула 1 од следната сезона ќе се вози и трката за Големата награда на Виетнам.

Неодамна беше потврдено дека Виетнам ќе биде домаќин на трката, која ќе се вози од трети до петти април 2020 година.

Организаторите на трката во Виетнам потврдија вчера дека истата ќе биде завршена порано од што се очекуваше, односно до средината на јануари.

Кругот на патеката во Ханој ќе биде долг 5,6 км, а се очекуваат и брзини од околу 335 км/ч.

Исто така, беше објавен и виртуелен преглед на патеката во Виетнам, односно какви предизвици ги очекуваат возачите.