
Обид за убиство: Му ја притисна кочницата на ривалот при 200 км/ч (ВИДЕО)
Романо Фенати и Стефано Манци водеа жестока битка на патеката. Во еден момент Манци за малку ќе го удреше Фенати и ќе го избуткаше од трката. За да се реваншира, Фенати реши да му ја притисни кочницата на ривалот за време на еден дуел и тоа при огромна брзина од 200 километри на час.
За среќа немаше излетување или некој поголем инцидент. Фенати веднаш беше дисквалификуван од трката.