Неврохирург ја објасни состојбата на Шумахер: Се укажува на тоа дека не е добро
Неговото смејство состојбата на Шумахер ја држи во строга тајност, а сега сега финскиот неврохирур Хуси Пости се обиде да објасни во каква состојба веројатно се наоѓа Шумахер.
Иако дел од светските медиуми пренесуваа дека Шумахер присуствувал на венчавката на неговата ќерка неодамна, според Пости тоа не било можно.
„Се укажува на тоа дека Михаел за жал не е добро. Болните кои лежат толку долго стануваат слаби и неподвижни, па по толку години не е можно да ги извелечете од кревет. Тоа сугерира дека е во иста состојба изминатите десет години. Се сомневам дека нешто можело да се промени. Пациентите се опоравуваат колку што можат во две години, потоа вообичаено се утврдува нивото на опоравување“, изјави Финецот.
Пости верува дека Шумахер може да комуницира само со очи.
„Постојат неколку оштетувања на мозокот. Примера, постои повреда која може да направи пациентот да сака да комуницира само со членовите на неговото најтесно семејство. Може да се случи и никој освен неговото потесно семејство не може доволно да го стимулира пацинетот да комуницира на смислен начин“, истакна неврохирургот.