Неверојатно: Италијански мотоциклист ќе паузира 18 месеци поради јадење многу - месо!

Италијанскиот мотоциклист Андреа Јаноне принудно ќе паузира 18 месеци, откако беше позитивен на рутинската анти-допинг контрола направена минатиот ноември, а по позитивниот Б-тест направен деновиве.

Возачот на екипата на Априлја ќе мора долго време да отсуствува од трките иако несвесно ги користел стероидите кои му беа пронајдени во крвта. Јаноне јадел месо и тоа во големи количини, но без да знае дека тоа било контаминирано и дека во себе содржело стероиди. Дисциплинската комисија го потврдила неговото тврдење, но не го ослободило од обвинувањата.

Суспензијата му почна на 17 декември 2019 година, а ќе трае до 16 јуни 2021 година, а воедно е дисквалификуван од последните две трки во Малезија и во Валенсија, поради што падна на 16. место во генералниот пласман во Мото ГП.

Јаноне има 21 ден да се жали на пресудата до Судот за спортска арбитража, нешто тој веќе најави дека ќе го стори.