Неверојатна реакција: Ова го можат само елитните возачи (ВИДЕО)

Формула 2 возачот Исак Хаџар вчера за време на слободните тренизни во Монако покажа каков талент треба да поседуваат оние кои седнуваат во болид да се тркаат со најдобрите. 

 Еден болид поради механички проблем буквално застана во познатиот тунел, а само неколку секунди зад него беше Хаџар. Со оглед дека во овој дел од тесната патека возачите најчесто се во полна брзина, опасноста демнеше пред возачот. 

Сепак, Хаџар покажа неверојатна реакција, кога во дел од секундата го смени правецот и уште поимпресивно не ја загуби контролата врз болидот.