Неверојатен старт: Раиконен како ракета премина десет возачи! (ВИДЕО)

Денешната трка во Формула 1 се возеше во Португалија и имаше навистина возбудлив почеток, иако на крајот триумфираше Луис Хамилтон и се запиша во историјата, откако го урна рекордот на Михаел Шумахер.

Сепак, на самиот почеток од трката неверојатен беше Кими Раиконен, кој како вистинска ракета премина дури десет возачи.