Не е Чак, но е Норис и со само 18 години е кандидат за шампион во Ф1!

Британскиот возач Лендон Норис е следната атракција во Формула 1.

Иако има само 18 години, Мекларен веќе го избра за свој тест-возач, а тој веќе храбро изјавува дека и да почне в година да вози, нема да биде многу побавен од Фернандо Алонсо.

„Не можам да речам колку сум брз по двводневни тестирања со Мекларен, но добро беше. Направив се што требаше да направам и тоа ми даде самодоверба. Кога следната година ќе влезам во натпреварување, можеби нема да бидам така добар како Алонсо, но нема да бидам ни многу побавен. Огромна е разликата меѓу Ф3 и Ф1-болид. Додека возете Ф1, адреналинот е огромен, а јас многу уживав“, вели 18-годишниот Британец.

Норис се проби во светската јавност кога на тестирањето на Хунгароринг го извозе побрз круг од Алонсо во квалификациите, со што потврди дека се работи за возач чие место е во најбрзиот циркус на светот. Тој веќе ја освои европската титула во Ф3, а сега планира да го направи истото и во Ф2 следната сезона, а потоа да му се приклучи на автомобилскиот крем.