Мото ГП ќе го повлече легендарниот број 46 во чест на Роси

Бројот 46 е симбол на легендарниот возач Валентино Роси, а истиот во иднина не би можел никој да го користи во кралската класа на Мото ГП шампионатот.

Свечената церемонија за повлекување на бројот 46 ќе се случи пред квалификациите за трката на 28 мај.

„Што се однесува до мојот број, мслам дека треба да се користи и во иднина. Би сакал да биде достапен ако го сака некој“, кажа Роси пред неколку години, сепак таа желба нема да му биде исполнета.