Мик Шумахер следната сезона ќе остане без место во Ф1!?

Мик Шумахер оваа сезона имаше неколку добри трки и се поправи во однос на дебитантската година, но постои можност тоа да не биде доволно и да остане без место во Формула 1.

Синот на легендарниот Михаел Шумахер оваа сезона вози солидно за екипата на Хас, но „Билд“ пишува дека Мик би можел да остане без договор затоа што во тимот не биле сигурни дека тој е вистински возач за нив.

Веќе се најавени неколку промени за следната сезона, па постои можност да не остане ниту едно место слободно и така Мик да не вози во Ф1 следната сезона.

Шумахер е поранешен шампион во Формула 2, додека во првата сезона во Ф1 не освои ниту бод, додека годинава стигна до 12 бодови.