Мик Шумахер ќе го вози болидот на татко му во Хокенхајм

Германскиот возач Мик Шумахер ќе вози следниот месец во Хокенхајм со болидот на Ферари, во кој неговиот татко Михаел во 2004 година ја освои седмата титула во шампионатот на Формула 1.

Организаторите денеска соопштија дека Мик во текот на викендот меѓу 27 и 28 јули на Големата награда на Германија ќе го вози болитот Ф2004, пред квалификациите во сабота и пред парадата на возачите пред соочување на трката.

Шумахер се натпреварува во Формула 2 со екипата на Прем Рејсинг и е дел од академијата на Ферари.

„Ќе биде емотивен момент да се види Мик зад воланот на болидот на татко му, кој носи многу убави спомени. Ф2004 беше фантастичен болид, а Михале оствари 15 победи“, кажа извршниот директор во Ф1, Рос Брон.