Мерцедес во невозможна мисија - сака да потпише со Ферстапен!?
Проблемите во Ред Бул кои ги создаде шефот Кристијан Хорнер имаат негативно влијание врз сите во тимот, а тоа го коментираше и таткото на актуелниот шампион.
Јос Ферстапен кажа дека Хорнер мора да си поднесе оставка за да не се наруши имиџот на тимот, а неговата изјава предизвика и шпекулации за заминување на Макс во редовите на Мерцедес.
„Макс во Мерцедес? Секако дека би сакал такво нешто, но мислам дека шампионите бараат најбрзи болиди, а тоа во моментов го има Ред Бул“, кажа Тото Волф од Мерцедес.