„Мерцедес ќе треба да продаде фабрика за да го задржи Хамилтон“

Луис Хамилтон вчера се запиша во историјата, откако го надмина рекордот на легендарниот Михаел Шумахер по број на победи во Формула 1.

Директорот на Мерцедес, Тото Волф ги разгледува сите можности за да ја продолжи соработката со Британецот. Хамилтон има договор до 2021 година, според кој заработува неверојатни 40 милиони фунти.

„Важно е. Мора да продадеме многу машини од фабриките. Ќе го бараме назад и закупот на зградата за да дојдеме до пари. Ова е огромен успех. Тоа е негова страст и енергија која ја има за овој спорт“, се пошегува Волф.

Хамилтон покажа желба да ја продолжи соработката со Мерцедес, па наскоро се очекуваат преговори меѓу двете страни.