Мерцедес денеска преку социјалните мрежи ги објави првите фотографии од новиот болид В12 за сезоната 2021 година. 

Шампионот одлучи да ја задржи доминантната црна боја на болидот, која беше воведена лани како симбол во борбата против расизмот, односно подршката за движењето „Црните животи важат“. На позицијата каде што се наоѓа моторот има посветла сребрена боја со испишано лого на АМГ, а има и впечатлива црвена боја поради спонзорот НЕОС.

Се очекува првите тестови на патека Мерцедес да ги направи на 12 март и тоа во Бахреин.