Мерцедес флертува со Фетел: Тој големо богатство за секој тим

Себастија Фетел и Ферари ќе се разделат на крајот од оваа сезона во Формула 1, што не е ни започната. Двете страни одлучија дека немаат желба да ја продолжат соработката по 2020 година. 

Германецот имаше блескави моменти зад воланот на италијанскиот тим, но многу повеќе имаше не така славни моменти. Се забележуваше дека Фетел е фрустриран, па правеше несвојствени грешки за време на трките.

Не успеа да освои титула со Ферари и да ја повтори доминацијата од времето на Ред Бул, кога стигна до четири шампионски наслови. Сега сите се прашуваат која е следната станица на Германецот?

Дел од шпекулациите велат дека Фетел од идната сезона ќе биде тимски колега на Луис Хамилтон во Мерцедес и двајцата ќе формираат неверојатен тандем, кој има зад себе вкупно 10 шампионски титули. Овие информации ги подгреа и шефот на тимот, Тото Волф.

„Себастијан е одличен возач, голема личност и вистинско богатство за било кој тим во Формула 1. Кога гледаме кон иднината, нашата лојалност мора да биде кон актуелните возачи, но природно во исто време мораме да го земеме во предвид и развојот“, изјави Волф.

Фетел за пет години во Ферари оствари само 14 победи, два пати беше втор во генералниот пласман, еднаш трет, еднаш четврти и лани заврши на очајното петто место.