Мерцедес доминираше на тренингот во Австрија

Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес беше најбрз на вториот тренинг пред трката за Големата награда на Австрија.

По четири месеци одложување поради пандемијата на коронавирусот, новиот шампионат во Формула 1 почна денеска на патеката во Австрија.

Најдобро време на првиот тренинг имаше Хамилтон, односно 1.04,816, а нешто сличен резултат имаше и на вториот тренинг – 1.04,304.

Второто место му припадна на Валтери Ботас, додека трет беше Серхио Перез, по што во топ-10 место имаше уште и за Фетел, Рикардо, Норис, Строл, Ферстапен, Леклер и Сајнц.

Трката за Големата награда на Австрија се вози во недела од 15 часот.