Мартин побрз од конкуренцијата на спринтот во Катар

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин славеше на спринтот пред трката за Големата награда на Катар, односно претпоследната трка во Мото ГП шампионатот за оваа сезона.

Шпанецот ја запиша осмата победа во спринтот и така ја намали разликата во однос на Франческо Бањаја во генералниот пласман, па сега ги делат само седум бодови.

На трката најблиску до Мартин беше Фабио ди Џанантонио од Гресини, додека на третата позиција заврши Лука Марини.