Маркез во последниот круг го освои Тајланд и по осми пат е – светски шампион (ВИДЕО)

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез ја одбрани титулата во најсилната Мото ГП класа, откако победи во денешната трка на патеката во Тајланд, која беше максимално драматична и решена буквално во последниот круг.

За него ова е осма круна во кариерата, а шеста во најсилната конкуренција, со што дојде на само еден трофеј зад засега неприкосновениот Валентино Роси. Но, со оглед што Маркез има 26 години, за очекување е наскоро тој да го надмине „Докторот“ и да стане најтрофеен мотоциклист во историјата на овој спорт.

Шпанецот во Тајланд водеше тешка битка со Квартараро, кој водеше во најголемиот дел од трката, но не го издржа последниот налет на противникот. Шампионот почна да се враќа на четири круга до крајот, а во финалниот круг успеа да дојде до посакуваниот триумф.