Маркез стигна до пол-позиција во Франција (ВИДЕО)

Шпанскиот возач Марк Маркез ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Франција во Мото ГП шампионатот.

Маркез стигна до третата пол-позиција од почетокот на сезоната, иако во еден момент падна на лизгавиот асфалт во Ле Ман.

Зад него во квалификациите заврши Данило Петручи, а трет беше Џек Милер. По нив следуваат Андреа Довициозо, Валентино Роси и Франко Морбидели.

Да потсетиме, трката за Големата награда на Франција се вози во недела од 14 часот, а во генералниот пласман засега води Маркез со 70 бодови.