Макс Ферстапен добил совет во Ред Бул намерно да се зарази со коронавирус!?

Пилотот на Ред Бул, Макс Ферстапен, изминатите неколку сезони ги импресинираше речиси сите со своите одлични возења во Формула 1.

Но, овој пат ни доаѓа сосема необична и помалку чудна изјава од советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, кој на Холанѓанецот му дал сосема неочекуван совет.

Во период кога пандемијата на коронавирусот пркоси низ светот, одземајќи многу животи, Марко изјавил дека „ова е идеално време за Ферстапен да се зарази“.

Разговарав со Макс пред некој ден и тој ми рече дека се плаши од зараза на коронавирусот. Мислам дека е најдобро да се зарази сега. Тој има 22 години, не спаѓа во која било ризична група, па затоа откако ќе се справи со вирусот ќе биде имун и целосно фокусиран на борбата за шампионската титула, изјави Хелмут Марко за австрискиот весник „Кронен Цајтунг“.