Луди бројки: Колку заработи Норис од титулата во Формула 1!?

Ландо Норис денеска стана шампион во Формула 1, првпат во својата шестгодишна кариера откако во последната трка од сезоната, трката за Големата награда на Абу Даби го освои третото место зад Макс Ферстапен и Оскар Пјастри.

Во драматична завршница на сезоната Норис за два бода беше подобар од Ферстапен и ја освои титулата, а колку пари таа му донесе.

Паричната награда од организаторот не оди за Норис, туку за Мекларен. На тимот поради првото место му припаднаа 140 милиони долари.

На сметката на Норис за оваа сезона треба да завршат вкупно 47 милиони долари. Тоа се пари за плата плус бонус за шампионската титула кој му го дава Мекларен.