Луда трка во Лас Вегас: Победи Ферстапен, ама херој на денот е – Шарл Леклер (ВИДЕО)

Најдобриот возач на денешницата, Макс Ферстапен, дојде до 18. триумф сезонава, откако победи во спектакуларната трка за Големата награда на Лас Вегас.

За Холанѓанецот ова е вкупно 53-ти пат да се најде на највисокото место на пиедесталот, со што се изедначи со Себастијан Фетел на вечната листа, а пред себе сега ги има само Михаел Шумахер (91) и Луис Хамилтон (103). Пресметката во „градот на гревот“ беше за паметење, со претекнување речиси во секој круг, а безбедносното возило двапати го смируваше адреналинот на учесниците. Херој на денот беше возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој буквално во последниот свиок фантастично го престигна Серхио Перез и му го „украде“ второто место.

Ферстапен победи и покрај казната од пет секунди, додека Перез дојде до подиумот и покрај фактот што стартуваше од дури 11. позиција. Леклер и покрај фантастичниот потег на крајот заврши со едно место полошо со оглед што трката ја почна од пол-позицијата, додека зад водечката тројак се најдоа Естебан Окон (Алпин), Ленс Стол (Астон Мартин), Карлос Саинц (Ферари), возачите на Мерцедес Луис Хамилтон и Џорџ Расел, Фернадо Алонсо (Астон Мартин) и Оскар Пјастри (Мекларен).