Леклер возеше одлично и ја освои пол-позицијата во Монца

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Италија.

Младиот возач успеа да ги израдува навивачите, откако стигна до четвртата пол-позиција во кариерата со време од 1.19.307.

Второ место беше Луис Хамилтон, додека од третата позиција на трката ќе тргне Валтери Ботас.