Леклер со Ферари и во Баку стигна до пол-позиција

Возачот на Ферари, Чарлс Леклер ќе тргне од пол-позицијата на утрешното гран при во Азербејџан, на уличната трка во Баку, откако денеска беше најбрз на официјалниот трениг во хаотичните квалификации во кои имаше низа инциденти на патеката.

Пет инциденти и четири црвени знамиња имаше за време на денешните квалификации, но Леклер со фантастично возење успеа да стигне до стартната поцизија на гранприто, оставајќи го светскиот првак Луис Хамилтон да тргне од втората позиција на трката.

Ова е втора пол-позиција на Леклер, откако беше најбрз на официјалните квалификации и во Монако, но го искрши болидот, па поради механички проблеми не ни тргна на трката.

Макс Верстапен (ред Бул) ќе тргне од третата позиција, а Пјер Гасли (Алфа Таури) од четвртата, додека од третиот ред стартуваат Карлос Сајнц (Ферари) и Ландо Норис (Мекларен). Вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас имаше лоши квалификации, па дури од десетото место ќе тргне на утрешното гранпри.