Леклер го оштети легендарниот болид на Лауда (ВИДЕО)

Возачот на Ферари и лидер во генералниот пласман, Шарл Леклер повторно е во центар на внимание поради вчерашниот инцидент на патеката во Монте Карло, каде што доби шанса да го вози легендарниот болид од 1974 година со кој во минатото управуваше Ники Лауда.

Леклер уживаше за време на возењето, меѓутоа пред самиот крај на кругот загуби контрола над болидот и удри во оградата, по што направи штета на задниот дел на Ферари 312.

Италијанската екпа соопшти дека главната причина поради инцидентот биле сопирачките, кои откажале, па Леклер загубил контрола.