Леклер на пол-позицијата пред фанатичните тифози на „Монца“

Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата на домашната трка за Ферари за Големата награда на Италија во Формула 1 шампионатот. 

Пилотот од Монако ги израдува тифозите на „Монца“, откако извозе најбрз круг со 1:20,161 минути и за него ова беше осма пол-позиција. Актуелниот лидер во шампионатот и бранител на трофејот Макс Ферстапен имаше второ најдобро време, но ќе стартува како седми поради казната од пет места што ја доби пред квалификациите поради промени во болидот. Трето време имаше Карлос Сајнц од Ферари, но и тој имаше казна па ќе стартува како 18-ти. 

Серхио Перез и Луис Хамилтон беа четврти и петти во квалификациите па и тие имаа казна па ќе стартуваат од позадина. Поради казните, Џорџ Расел од Мерцедес ќе биде втор на стартот, а од вториот ред ќе тргнат двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Даниел Рикардо.