Ковид-19 ја нападна и Ф1: Перез нема да вози на „Силверстоун“

Возачот на Рејсинг поинт, Серхио Перез е заразен со Ковид-19, а информацијата ја потврдија и од Формула 1.

Перез нема да учествува на трката за Големата награда на Велика Британија, а исто така тој во моментов е во самоизолација.

Мексиканецот имаше еден тест, кој даде нејасни резултати, а на повторениот тест резултатот бил позитивен.