Корина се брани по обвинувањата: Само му ја остварувам желбата на Шумахер

Легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер пред шест години доживеа несреќа на скијње, по што долго време беше во кома, а вести за неговата здравствена состојба се тајни, па тоа предизвика многу обвинувања кон семејството на возачот.

Поранешниот менаџер на Шумахер, Вили Вебер ја обвини сопругата Корина дека не му дозволува да го види Михаел.

По овие зборови се огласи и сопругата на седумкратниот светски шампион во Ф1, која даде интересен одговор.

„Шумахер е во најдобри раце и даваме максимум за да му помогнеме. Обидете се да разберете дека ја исполнуваме само желбата на Михаел за неговата здравствена состојба“, порача Корина.