Кинеското гран при во Ф1 неизвесно поради новиот коронавирус?

Кинеското гранпри во оваа година, кое треба да се вози во рамките од новата сезона во „октанскиот циркус“ во Шангај во средината на април е неизвесно дека ќе се одржи поради новиот коронавирус што се појави во најмногубројната земја и неколку градови веќе се ставени во карантин.

После појавата на смртоносниот вирус кој веќе однесе 25 жртви, а преу 800 се заболени во градот Вухaн, кој е жариште на епидемијата, властите во Кина ги ставија дел од градовите во регионите каде има регистрирани случаи во катантин, па сите настани се откажани. Поради мерките за заштита, сега откажано е релито Чангбај кое требаше да се вози од 12 до 14 февруари, а ниту Формула Е закажана за 21 март по се изгледа нема да се одржи, а затоа и кинеското гранпри е неизвесно, иако на програмата според календарот е предвидено од 17 до 19 април. Сè ќе зависи дали здравствените мерки на Кина и продолжувањето на карантинот на градовите ќе остане на снага.

Некои информации кои се појавија околу кинеското гранпри е дека ако се откаже истото, нема да биде дополнително ставено во календарот, туку новата сезона 2020 наместо предвидените 22 трки ќе има една помалку.