Историја на Хунгароринг: Расел првпат ќе стартува од пол-позицијата!

Возачот на Мецедес, Џорџ Расел, засекогаш ќе ги памети денешните квалификации од Големата награда на Унгарија, со оглед што првпат во кариерата го имаше најбрзиот круг, а со тоа и честа да стартува како прв на утрешната трка.

Тој во последен момент го „украде“ двојното славје на тандемот на Ферари, Саинц-Леклер, кои сега мора да се задоволат со втората и со третата стартна позиција на Хунгароринг. Четврто најбрзо време имаше Ландо Норис во болидот на Мекларен, додека зад него се возачите на Алпине, Окон и Алонсо.

Луис Хамилтон ќе стартува како седми, а актуелниот светски првак, Макс Ферстапен, имаше лоша последна сесија и утрешната трка ќе ја почне дури од десеттата стартна позиција.