Иџе им се врати на ридско-брзинските трки и веднаш убедливо победи во Брага!

Најдобриот макеоднски автомобилист Игор Стефановски – Иџе после неколку години повторно им се врати на ридско брзинските трки во рамките на ФИА Европскиот шампионат, па денеска победи во Брага и тоа - убедливо.

Популарниот Иџе и во двете возења имаше најдобро време, единствен кој патеката ја извозе за 2 минути и 16 секунди, па со тоа стигна до првото место и победа на овој риско-брзински гранпри викенд.

Првата трка Стефановски ја извозе за 2:16,121 минута, а втората за нијанска побавно 2:16,296 и со вкупно време 4:32,417 победи, дури за три секунди подобро од вториот Габриела Кореира и третопласираниот Томислав Мухвиќ