И четврто гранпри во Мото ГП откажано поради – коронавирусот

Ниту Големата награда на Тајланд, во сезонава во мотоциклизам нема да се води од првично одредениот календар, а причината е сѐ уште актуелната пандемија со коронавирус.

Ова е четврто гранпри во Мото ГП кое според првичниот календар нема да се вози, а претходно беа откажани трките во Финска, Австралија и Јапонија, додека сѐ уште неизвесна, а можно е да се одложи е и Големата награда на Аргентина.

ГН на Тајланд требаше да се вози на 17 октомври на патеката „Бурирам“, но поради рестриктивните мерки во актуелната корона-криза, нема шанси да се организира, па шанса Тајланѓаните да ги гледаат најдобрите мотоциклисти ќе имаат во следната година, ако ситуацијата конечно се смири.

Досега се извозеа девет од 18 трки во сезонава, а последната беше на 27 јуни, додека следните две ќе се возат на „Ред Бул Ринг“ во Спиелберг, првата на 8 август како ГН на Штаерска, а втората на 15 август како ГН на Австрија.