Хаосот продолжува во Формула 1: Одложени уште три трки!

Иако се споменуваше дека со трката за Големата награда на Монако ќе стартува новата сезона во Формула 1, сепак пристигнаа нови промени.

Денеска и официјално е потврдено дека се одложени уште три трки и со спомената трка во Монако, како и во Барселона и Зандорф (Холандија).

Претходно, покрај трките во Австралија, одложени беа и трките во Кина, Бахреин и Виетнам.

Имено, пандемијата на коронавирусот предизвика голем хаос ширум светот, а не е познато кога ќе започне новата сезона во Формула 1. Она што е јасно е дека тринеделната пауза во август ќе биде укината, а до тогаш ќе се вози бар една од предвидените трки.