Хамилтон со одлична стратегија до победа и на ГН во Шпанија

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон стигна до третата победа сезонава, вкупно 98-ма во кариерата откако денеска победи на гранприто на патеката Каталуња, триумфирајќи во завршницата од трката откако го претекна Макс Верстапен на шест круга пред крајот.

Добрата стратегија на Хамилтон го донесе до нова победа, па во 60-от круг Хамилтон ја искористи предноста во однос на Верстапен, чии гуми веќе беа потрошени за да го помине, по што Британецот откако ја презема лидерската поизиција потоа без проблем стигна како прв на целната линија и запиша нова победа.

„Едноставно бевме преспори, не знам како требаше да ги задржиме зад нас“, рече Верстапен во комуникацијата со својот тим по завршување на трката.

Хамилтон пред една недела триумфираше и во Бахреин, па сега врза нова победа за со победа да ја одбележи историската вчерашна стота пол-позиција.

Зад Хамилтон и Верстапен заврши тимскиот колега на светскиот првак Валтери Ботас, а четврти беше Чарлс Леклер, додека петтото и шестото место беа за Серхио Перез и Даниел Рикиардо.

За Хамилтон ова беше шести триумф во кариерата на ГН на Шпанија.