Хамилтон се расплака како мало дете по освојувањето на седмата титула (ВИДЕО)

Луис Хамилтон со денешниот триумф на трката за Големата награда на Турција по седми пат стана шампион во Формула 1. 

Возачот на Мерцедес очекувано беше емотивен откако ја мина целната линија, па дури и се расплака како мало дете. 

„За сите деца таму, кои го сонуваат невозможното. И вие можете да го направите тоа. Верувам во вас. Ви благодарам на сите за подршката“, рече Хамилтон додека беше во болидот.  

За Хамилтон ова беше вкупно 94-та победа во кариерата и се израмни по бројот на шампионски титули со легендарниот Михаел Шумахер.