Хамилтон ги прелета ривалите за втора сезонска победа во Ф1

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон стигна до втората победа во оваа сезона во „октанскиот циркус“, откако триумфираше денеска на гранприто во Португалија во третата сезонска трка.

Хамилтон кој не тргна од пол-позицијата со одлично возење многу брзо успеа да ја обезбеди лидерската позиција, па на крајот буквално без конкуренција стигна до нова победа во Ф1, пред Макс Ферстапен, а трет беше клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас, кој ја имаше пол-ползицијата.

Зад оваа тројка пласман обезбедија и Серхио Перез, Ландо Норис, Карл Леклер, Естебан Окон, Фернандо Алонсо, Даниел Рикиардо и Пјер Гасли.

Следната трка ќе се вози на 9 мај на „Каталуња“ во Шпанија.