Грожан ги покажа последиците од несреќата, левата рака изгледа - страшно (ФОТО)

Францускиот возач Роман Грожан доживеа страшна несреќа на крајот на минатата сезона во трката за Големата награда на Бахреин.

Грожан со неговиот болид се удри во ѕид, по што возилото експлодираше, а францускиот возач благодарение на неговата присебност некако успеа да избега од огнот.

Французинот заработи тешки изгореници на рацете, поради што до пред неколку дена беше во завои, а сега конечно реши да покаже како изгледаат тие, па може да се забележи дека левата изгледа ептен оштетена.