„Грешка од два сантиметри ми ја уништи трката во Сингапур“ (ВИДЕО)

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел беше на одличен пат да стигне до подиум на трката за Големата награда на Сингапур, но на неколку свиоци пред крајот излета од патеката и удри во заштитниот ѕид.

Расел удри во ѕидот и остана без пласман на трката, а по истата кажа дека е разочаран поради неговата грешка.

„Грешка од два сантиметри скапо ме чинеше. Имав добра шанса со Ландо, да бев поблиску до него, мислам дека ќе го преминев, а потоа ќе победев на трката. Наместо тоа, јас завршив во ѕидот и не знам што се случи точно, најверојатно немав доволно концентрација“, кажа Расел.