Голем пожар ја зафати Мото ГП патеката во Аргентина (ВИДЕО)

Автодромот „Термас де Рио Ондо“ во Аргентина на кој најчесто се возат трки во Мото ГП го зафати огромен пожар, а штетите се огромни и катастрофални. 

Пожарот најверојатно избувнал во ВИП-ложите, а оганот брзо се проширил во коментаторските кабини и медиа центарот, а горат и боксовите во кои вообичаено им припаѓаат на тимовите. Според аргентинските медиуми пожарот зафатил и дел од музејот на патеката наречен по легендарнито Ф1-возач „Хуан Мануел Фанџо“. 

Засега не е позната причината за пожарот, а пожарникарите се борат да го изгаснат што е можно побрзо. Првите проценки се дека штетите се огромни. Единствената добра вест е што засега нема повредени во пожарот.