Голем пех за Ландо Норис: Возачот на Мекларен заработи казна

Ландо Норис од Мекларен на првата сезонска трка во Формула 1 во Австрија одржана минатиот викенд го освои сензационалното трето место. Тоа беше најголем успех во кратката кариера на младиот возач.

Норис на денешниот прв слободен тренинг во Австрија на „Ред Бул ринг“ пред неделната втора сезонска трка заработи казна. Ќе стартува три места подолу од пласманот што ќе го освои во саботните квалификации.

Стујардите за време на денешниот прв тренинг забележале дека Норис претекнувал под жолто знаме, односно ги минал Пјер Гасли од Алфа Таури и Серхио Перез од Рејсинг Поинт, кога Николас Латифи мораше да го паркира својот болид поради проблеми со менувачот.