Формула 1 ќе се вози во Кина до 2030 година

Трката во Формула 1 за Големата награда на Кина во Шангај ќе остане во календарот најмалку до 2030 година, откако организаторите потпишаа нов, петгодишен договор со управата на натпреварувањето.

Бројката на фанови на „најбрзиот циркус“ во Кина постојано расте, односно над 150 милиони луѓе гледаат Формула 1.

Оваа сезона трката во Кина се возеше на 21 април, при што победа оствари актуелниот шампион Макс Ферстапен.