Фетел бил ограбен во Барселона па го барал крадецот со скутер низ градот

Формула 1 возачот Себастијан Фетел вчера по трката за Големата награда на Шпанија во Барселона доживеал мала непријатност, бидејќи му била украдена торба. 

Четирикратниот светски шампион се обидел самиот да ги пронајде крадците. Тој со помош на својот телефон преку локацијата ги барал слушалките кои биле во украдената торба. Германецот возел со скутер низ улиците на Барселона и успеал да ги најде само слушалките, кои биле фрлени. Очигледно крадецот знаел дека преку нив може да биде лоциран па ги фрлил на улица.

Од неговиот тим Астон Мартин потврдуваат дека Фетел бил ограбен и дека случајот е пријавен во полиција.