Ферстапен успеа да го победи Мерцедес – прв триумф за Ред Бул на Силверстоун по 2012 година

Макс Ферстапен од Ред Бул е победник на возбудливата трка на Силверстоун, на 70-годишнината од почетокот на Формула 1, откако денеска успеа да го победи непобедливиот Мерцедес во фантастично извозената трка на која тргна од четвртото стартно место.

Ова е прва победа на Ред Бул на Силверстоун после осум години, зашто во септември 2012 година последен пат се израдуваа на триумф, па сега ја прекинаа и доминацијата на Мерцедес по четирите триумфи во низа во новата сезона.

Овојпат, за разлика од минатата недела, кога Мерцедес имаше проблем со гумите на Пирели, италијанскиот производител ги снабди тимовите со еден степен помеки гуми, а тој момент беше еден од клучните за победата на Верстапен, кој после промената на пневматици во 27 круг во пит-стопот, иако излезе зад Ботас, по неколку свиоци го мина и откако го презема водството, до крајот не го испушти за триумф на гранприто.

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон дури во завршницата од трката се размрда, па успеа да го мине клупскиот колега Валери Ботас за второ место на трката, но немаше шанси да го стигне Верстапен во битка за победата. Ботас заврши како трет за да го комплетира подиумот, додека двоецот на Ферари потфрли - Чарлс Лекер заврши како петти, додека Сефастијан Фетел дури на седмото место.

Во генералниот пласман, Хамилтон е прв, а Верстапен со победата сега е втор, додека Ботас е трет. Следното гранпри се вози на 16 август во Шпанија.