
Ферстапен повторно доминира: Победа во САД и приклучување во битката за титулата
Со овој успех, четирикратниот шампион повторно влезе во борбата за титулата, достигнувајќи 306 бодови и приближувајќи се кон водечките во генералниот пласман.
Холанѓанецот целосно доминираше на патеката „Америка“, каде од старт до цел го контролираше ритамот на трката. На крајот победи со околу седум секунди предност пред Ландо Норис, кој ја продолжи одличната форма на Мекларен, додека трето место обезбеди Шарл Леклер по голема борба во финишот.
Луис Хамилтон заврши на четвртата позиција, задржувајќи го Оскар Пиастри кој имаше тешка трка и мораше да се задоволи со петтото место. Во првата десетка се најдоа уште Расел, Цунода, Хулкенберг, Берман и Алонсо.
Во генералниот пласман, Пјастри останува лидер со 346 бодови, Норис е втор со 332, а Ферстапен сега има 306 и сериозно „им дише во врат“ на водечките. Следниот викенд возачите се селат во Мексико, а потоа следуваат трките во Бразил, Лас Вегас, Катар и Абу Даби.